„Гугл“ соопшти дека повеќето вработени во комапнијата ќе работат од дома до 2021 година. Тоа значи дека „Гугл“ ќе се придржува до мерките за социјално дистанцирање до наредната година.
Главниот извршен директор на „
Гугл“, Сундар Пичаи, им кажал на неговите вработени да се подготват за работа од дома до октомври, а веројатно и во текот на наредната година.
Со преземањето ваков чекор, „Гугл“ е последниот технолошки гигант што го направил тоа. Претходно и „Фејсбук“ им најави на своите вработени дека ќе работат од дома до 2021 година, додека „Амазон“ веќе го извести својот персонал дека ќе работи од дома барем до октомври.
Пичаи ги известил вработените дека оние што мора да одат во канцеларија, може да го направат тоа до јули. Потоа рече дека ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки пред луѓето да се вратат.
- „Фејсбук“ го презеде следниот чекор за враќање на работното место. Ние најавивме дека секој што може да ја работи работата од дома може да го направи тоа до крајот на годината - изјави портпаролот на „Фејсбук“.
Фото: Unsplash