„Квант“ е француски пребарувач кој е пуштен во употреба во февруари 2013 година. Тврди дека е насочен кон приватноста, дека не ги следи корисниците, не ги препродава личните податоци, ниту пристрасно ги прикажува резултатите од пребарувањето.
Неговите резултати се слични на резултатите на пребарувачот „Мајкрософт Бинг“. Меѓутоа, „Бинг“ се користи само во случаи кога „Квант“ нема доволно информации за одредена интернет-страница, како и за пребарување слики.
Од 2023 година можеше да му се пристапи на „Квант“ од околу 30 земји.
Од денеска Европскиот парламент официјално ќе го замени „Гугл“ со францускиот пребарувач како стандардна алатка за пребарување на интерните компјутери.
Промената се спроведува во согласност со посветеноста на Парламентот за дигитален суверенитет и заштита на личните податоци на корисниците.
Фото: принтскрин