Додека луѓето низ светот си ја разубавуваат празничната атмосфера со божиќните песни, нивните автори секоја година заработуваат по милиони долари.
На пример, годинава Мараја Кери од авторските права за „All I Want For Christmas“ заработила околу 800.000 долари. Ако на тоа ги додадеме и настапите на кои таа ја изведува песнава, сумата е многу поголема.
Зад неа не заостанува ни британската група „Слејд“, која со својот годинашен хит „Merry Xmas Everybody” досега заработи 630.000 долари.
Следуваат „Fairytale of New York” на ирскиот рок-состав „Погс“, „White Christimas” на Бинг Крозби (со заработени 415.000 долари), „Wonderful Christmas time” на Пол Макартни (330.000 долари) и „Mistletoe and Wine” на Клиф Ричардс (127.000 долари).
Извор: МИА