На интернет кружи интересно видео од Антарктикот на кое се гледа како туристи прават селфи, но за момент заборавија дека ја „узурпираат“ околината на локалните жители - пингвините.
И додека тие ја бараат најдобрата поза, не го забележуваат пингвинот на кој му пречат да помине. Пингвинот ги забележува мажот и жената, застанува и трпеливо чека тие да завршат со фотографирањето.
Пингвините обично користат воспоставени патеки и внимателно се движат низ ледените терени. Поради оваа причина, можеме да замислиме колку бил збунет кога ја видел неочекуваната пречка.
Кога туристите сфатиле што се случува, се тргнале настрана, а пингвинот си продолжил по својот пат.
Кој би рекол дека пингвините се толку културни и љубезни.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Instagram