X
 12.12.2017 Живот

Од продавач во супермаркет до најбогат „јутјубер“

Ден Мидлтон, според „Форбс“, има богатство од 16,5 милиони долари. Од продавач станал јутјубер-гејмер со над 16 милиони следбеници.

фото извор: Shutterstock

На својот профил тој игра различни игри, меѓу кои „Покемон“, „Супер Марио“ и „Соник“, но негова специјалност е „Мајнкрафт“. Неговото најпопуларно видео е компилација од неговите авантури во светот на игрите и има над 40 милиони прегледи.

Можат да се заработат 68% од рекламните објави на веб-страницата, па се верува дека Мидлтон заработил неверојатни 12,3 милиони фунти во 2017 година само од неговите видеа. Мидлтон се ожени со својата девојка Џема во 2013 и започна светска турнеја која ја пренесува во живо, а едно од местата каде што се упатил е и Сиднејската опера.

Иако неговите видеа имаат над 10 милијарди прегледи, Мидлтон е скромен и вели дека нема да дозволи успехот да го промени. Истакнал дека не бил подготвен за ова што му се случува, но научил да се справува во изминатите 3-4 години.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот