X
 26.03.2017 Живот

Децата во Норвешка заработуваат и до 1000 евра за хонорарна работа

Децата од норвешкиот крајбрежен град Балстад секојдневно ги сечат јазиците на рибата бакалар, а оние кои се највешти во оваа хонорарна работа, може да заработат дневници и од неколку илјади норвешки круни.

Бакалар е норвешки локален специјалитет и поради големата побарувачка, извозот и добрата економска стабилност на државата, стотици деца имаат можност доста млади да се вклучат во овој бизнис.

Најдобар во оваа работа е 16 годишниот Трајгве Петерсен. Неговиот татко е локален рибар кој го обучи на техниките за најбрзо и најпрецизно сечење на јазикот на бакалар, така што не е чудно што Петерсен за брзо време напредувал.

„Кога започнав да ја работам оваа работа, сечев само два килограми риба за еден ден. Денес можам да исечам и до 80 килограми, а некогаш во еден ден заработувам и до 500 евра“, вели тој и додава дека оваа работа е одличен начин за младите да заработат пари за сами да можат да си купат нов мобилен телефон, лап топ и облека.

„Успеав да заштедам доволно пари за да одам на патување во Америка“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот