Во истражувањето познато како „Тајм аут индекс“, секоја година „Тајм аут“ бара од своите глобални уредници, како и од околу 20.000 жители од различни градови низ светот, да дефинираат што го прави нивниот град фантастично место за живеење.
Од добиените податоци, „Тајм аут“ прави листа со најдобрите градови во светот.
Оваа година првото место го зазеде Единбург и тоа не само поради тоа што градот нуди поглед на заспаниот вулкан, моќен замок на рид или архитектура стара со векови. Градот има и живи уметнички фестивали и динамична гастро-сцена, а жителите ја пофалија неговата топла, пријателска атмосфера и пешачките зони.
И додека минатогодишната листа ги пофали градовите кои покажаа заедништво за време на пандемијата, оваа година „Тајм аут“ сакаше да го истакне сето она што ни недостигаше во претходните неколку години. Така, беа земени предвид гастрономската сцена, ноќниот живот, баровите и музеите.
- Листата има цел да биде најдобрата листа со места за посета оваа година. Сите овие места даваат голема инспирација за патување и пробување нови работи - изјави Ху Оливер од „Тајм аут“.
Фото: Freepik
По Единбург, Чикаго се најде на второто место поради својата жива ноќна сцена, но и отпорноста што ја покажа за време на пандемијата. Трет на листата, Меделин, Колумбија, може да се пофали со одличен ноќен живот, хотели и фантастична храна.
Четвртото место повторно му припадна на град во Шкотска, овој пат Глазгов, кој се издвојува по разновидните ресторани и пријателската атмосфера.
Целата ранг-листа можете да ја видите
ТУКА, а во продолжение се топ-10 најдобри градови:
1. Единбург, Шкотска
2. Чикаго, САД
3. Меделин, Колумбија
4. Глазгов, Шкотска
5. Амстердам, Холандија
6. Прага, Чешка
7. Маракеш, Мароко
8. Берлин, Германија
9. Монтреал, Канада
10. Копенхаген, Данска
Извор:
CNN
Фото: Freepik