X
 18.12.2017 Наука

Животот на оваа планета би можел да биде од вонземско потекло

наса
Фото: NASA Earth Observatory

Истражувачите од Универзитетот во Шербрук, во Квебек, Канада, пронашле повеќе докази кои упатуваат на тоа дека животот почнал во вселената. Истражувачкиот тим покажал дека некои органски молекули што ги формираат градежните делови на животот би можеле да се развијат во ледените тенки слоеви подложени на зрачење во вакуум, отворајќи ја можноста дека животот на оваа планета всушност би можел да биде од вонземско потекло.

Истражувачкиот тим создал тенки слоеви од мраз што содржеле метан и/или кислород и го озрачиле со електронска светлина. Истражувањето било спроведено во услови на вакуум, имитирајќи ги високо-вакуумските услови на вселената, со што се овозможиле специјализирани техники за анализа.

Замрзнатите слоеви биле бомбардирани со секундарни електрони, познати како нискоенергетски електрони. Овие електрони се создаваат кога материјата е погодена од високоенергетско зрачење, како што се ултравиолетовата светлина, космичките зраци и другите наелектризирани честички што летаат низ вселената. Самите нискоенергетски електрони имаат доволно енергија за да поттикнат понатамошни хемиски реакции.

Експериментите на Шеркбрук биле дизајнирани за да откријат како нискоенергетските електрони комуницираат со ледените тенки слоеви.

Групата открила директни и индиректни докази во мразот за голем број органски молекули.

Барање одговори

Науката сè уште не го докажала точното потекло на животот каков што го знаеме тука, на Земјата. Научниците не се сигурни дали животот почнал да се формира тука или на друго место во вселената и едноставно успеал да процвета на оваа планета.

Експериментот не докажува дека животот започнал во вселената, меѓутоа, дава докази дека е можно градежните делови од животот да дошле од вселената. Условите произведени во експериментот лесно можат да се најдат во вселената во кометите, астероидите, па дури и на месечините. Органските молекули формирани на комета би можеле некако да стигнат на Земјата, а потоа да патуваат кон еволуцијата во покомплексен живот.

Овој развој фрла светлина врз потенцијалното потекло на животот на Земјата, а исто така може да помогне во откривањето на животот на друго место во универзумот. Доколку слични услови имало на други вселенски карпи, овие градежни блокови на животот би можеле да стигнат и до други места во универзумот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука