Вo 14 век, како што кажува легендата, францускиот алхемичар Никола Фламел и неговата сопруга Перенел успеале да ги декодираат зборовите од една книга. Шифрирани биле серија инструкции, кои доколку се следеле, создавале „еликсир на животот“.
Идејата дека Фалмелс ги пронашол зборовите што можат да го направат бесмртен е малку веројатна, но ова е забавна приказна што може да му се раскаже на слушателот. Легендата раскажува и за вистината: наоѓањето на некој што е подготвен да ве слуша како раскажувате приказна може да биде вистински поттик за долговечност.
Во ново истражување, истражувачите покажуваат дека ако сакате да изградите когнитивна издржливост, опкружувањето со луѓе што ќе ви обрнат внимание кога раскажувате приказни е одлична стратегија. За возврат, ако се грижите за здравјето на мозокот на вашите роднини и
пријатели, може да почнете со тоа што ќе бидете добар слушател.
Истражувањето, објавено неодамна во списанието „ЈАМА нетворк опен“, покажа дека силната социјална поддршка (во овој случај слушањето на другата личност) е поврзана со поголема когнитивна издржливост. Не ве чини ништо, а добивате огромна придобивка.
Новото истражување покажа дека поддржувачкото слушање може да придонесе за когнитивна издржливост - се чини дека ако имате некој што ќе ве слуша, тоа помага во поттикнувањето на неврогенезата, односно растот на нови неврони. Во суштина, пријателот кој ви обрнува внимание додека зборувате може да му помогне на вашиот мозок да продолжи да работи и да расте во текот на животот.
Фото: Freepik
Истражувачите сметаат дека одредени неврони вклучени во процесите на мозокот поврзани со социјалните интеракции што вклучуваат поддржувачко слушање, може да создадат аминокиселини што придонесуваат за „поправка“ на нервите. Исто така, овие неврони може да се поврзани со производството на окситоцин - хормонот на љубовта.
Истражувачите откриле дека луѓето што изјавиле дека нивните пријатели и семејство ги слушале со внимание, имале помал ризик да развијат когнитивни проблеми поврзани со возраста, како Алцхајмерова болест и друга деменција. Интересно, истражувачите не ја забележале истата корелација со други видови социјална поддршка, како што се љубовта и емоционалната поддршка.
Извор:
Inverse.com
Фото: Freepik