X
 19.12.2017 Култура

Луѓе што го промениле курсот на историјата

Низ историјата постоеле личности што имале моќ и влијание и играле клучна улога во кралското и политичкото наследство. Тие обично се потпирале на нивните политички врски, големото богатство или воената моќ за да добијат исход што не би бил можен без нивниот придонес. Овие личности обично не се подобни за позицијата за која се борат во борбата за превласт.

Прашањето е дали е подобро да се биде моќна фигура или оној што ги повлекува жиците во заднина? Можеби следните имиња не ви се познати, меѓутоа, нивното влијание врз историјата не може да се негира.

1. Ричард Невил, гроф од Ворвик

1
Фото: Wikimedia


Ричард Невил, 16. гроф од Ворвик, бил човек што помогнал да се отстранат два цара за време на Војните на розите. Во текот на втората половина на 15 век, и двата дома на Ланкастер и Јорк имале право на тронот на Англија. Тоа предизвикало серија граѓански војни познати како Војна на розите. Првично семејството Невил застанало од страна на Домот на Јорк. Во 1461 година семејството Јорк победило, со што синот на грофот на Јорк, Едвард, станал крал на Англија. Во меѓувреме моќта на Невил достигнала врв кога го наследил неговиот татко.

Односот помеѓу Франција и Англија се влошил кога Едвард тајно се оженил со Елизабет Вудвил наместо со снаата на кралот Луис од Франција, како што Ричард планирал. Тој се обидел и не успеал да го постави братот на Едвард, Џорџ, на тронот, така што променил страна и застанал на страната на Ланкастер и го донел на тронот Хенри VI. Сепак, Едвард се вратил на тронот во 1471 година откако Ричард Невил бил убиен во битката кај Барнет.

2. Преторијанска гарда

2
Фото: Lawrence Alma-Tadema


Уште кога Август станал првиот римски император, Преторијанската гарда дејствувала како личен безбедносен детаљ на царот. Гардата ја имала оваа позиција повеќе од 300 години. Како што нејзината моќ растела, така станувала покорумпирана. Иако гардата била под заклетва дека ќе го штити царот, таа пред сè ги штитела сопствените интереси. Ако одреден владетел одел против овие интереси, гардистите немале проблем да го убијат оној што се заколнале дека ќе го бранат. Над десетина римски императори биле убиени од страна на гардата.

Алчноста и корупцијата на гардата го достигнале врвот во 193 година, во текот на годината на петте императори. Тие го убиле последниот император - Пертинакс бидејќи се обидел да спроведе реформи, вклучувајќи и враќање на дисциплината во Преторијанската гарда. Така, гардата одлучила да ја даде на аукција царската титула, нудејќи поддршка на највисокиот понудувач. Дидус Јулијан го освоил тронот.

3. Рицимер

3
Фото: iStock


Флавиус Рицимер бил генерал кој ефективно владеел со Западното Римско Царство, остварувајќи го своето влијание преку марионетските императори. Тој бил син на шевиски шеф и принцезата Визигот, меѓутоа, не можел да стигне на престолот. Додека служел во војска се спријателил со Флавиј Јулиј Мајоријан, а во 457 година тој му помогнал да стане цар на Рим. За возврат, тој го направил главен војсководец. Откако Мајоријан бил поразен во кампањата против Вандалс, Рицимер го убедил Сенатот да се сврти против царот. По враќањето на Мајоријан во Италија, неговиот главен војсководец го уапсил, го измачувал и го убил. Во 461 година Рицимер го назначил Либиј Северус за нов император на Западното Римско Царство.

4. Михаил Суслов

4
Фото: Dutch Natonal Archives


Михаил Суслов бил советски државник кој имал висока улога во Комунистичката партија повеќе од 3 децении.

Под Сталин, Суслов за брзо време се издигнал низ редовите. Во 1941 година станал полноправен член на Централниот комитет на советската партија и останал член до крајот на неговиот живот. Бил именуван за секретар во 1947 година. Накратко ја изгубил моќта по смртта на Сталин, кога Никита Хрушчов го започнал процесот на десталинизација, но се вратил на врвот во рок од една година бидејќи на новиот светски лидер му бил потребен идеолошки експерт како Суслов за да му помогне да ја оправда антисталинистичката кампања.

Веројатно неговата најголема моќ дошла во 1957 година, кога Хрушчов се борел со антипартиската група предводена од поранешниот премиер Георги Маленков. Суслов му помогнал на Хрушчов да ги уништи старите болшевици. Сепак, седум години подоцна ја променил страната и играл клучна улога во соборувањето на првиот секретар.

5. Карл Ото Морнер

4
Фото: Per Kraffit


На почетокот на 19 век Шведска се соочила со криза за наследник. Кралот Чарлс XIII бил стар и немал наследник. Тој го посвоил Чарлс Август, но принцот умрел од мозочен удар во 1810 година. Освен тоа, постоела вистинска загриженост дека царот Александар I ќе изврши инвазија со цел да постави руски кандидат и да ја претвори Шведска во пионче на Русија.

Како резултат на тоа, сè поголем број од шведската воена и политичка елита верувал дека најмудриот чекор бил како наследник да се именува француски маршал поддржан од Наполеон. Затоа шведската делегација отишла во Париз со цел да побара совет од императорот. Помладиот член на делегацијата бил поручникот Карл Ото Морнер. Иако бил незначаен член, Морнер си зел слобода да го предложи за наследник маршалот Жан Бернадот.

Потегот бил толку луд што Морнер ризикувал да биде уапсен. Неговиот избор не наишол на поддршка од Наполеон бидејќи императорот и маршалот не биле во добри односи. Ова дури не го поддржал ниту самиот Бернадот.

На почеток Наполеон одбил да ја одобри или да стави вето на кандидатурата на Бернадот. Меѓутоа, по долго размислување, на крајот се согласил и станал принц - го зел името Чарлс XIV и ја основал Куќата на Бернадот, која сè уште владее. Морнер служел како негов советник, а подоцна се пензионирал и станал заменик-гувернер.

6. Вирему Тамихана

6
Фото: John Kinder


Во текот на 50-тите години на 19 век се зголемувале тензиите меѓу племето Маори и белите Европејци во Нов Зеланд поради земјата што им припаѓала на Маорите. Ова го поттикнало движењето Кингитанга, што сакало да ги обедини Маорите под еден монарх.

На крајот, поглаварот на Маорите, Те Вхеревхеро, станал крал на Маорите, меѓутоа, клучна улога во целата ситуација имал човекот Вирему Тамихана. Лидерот на Нгати Хауа иви, Тамихана, бил почитуван од белите Европејци затоа што помогнал во основање на неколку христијански заедници и во тргувањето со европските доселеници во Окленд. Тој не само што бил една од главните сили на движењето Кингитанга туку и го предложил Те Вхеревхеро и ги убедил другите да го прифатат неговото кралство. Кога Те Вхеревхеро бил прогласен за крал во 1859 година, Тамихана му ставил Библија на главата во ритуал што неговите потомци сѐ уште го извршуваат кога назначуваат нови кралеви на Маорите.

Дури и со новоизбраниот крал спорот помеѓу овие два народа довел до вооружен конфликт познат како Таранаки во 1860 година. Тамихана се обидел да издејствува како медијатор и побарал мирна резолуција, но другите лидери сакале да се борат.

7. Браќата Саид

4
Фото: Wikimedia


Во 1707 година, кога царот Ауранџеб починал, на Монголската Империја ѝ оставил голем имот што се протегал низ целиот индиски потконтинент. Но она што следувало била серија на краткотрајни владеења на цареви крунисани или соборени поради интересите на двајца високо влијателни дворјани - Хусеин и Хасан Саид.

Наследник на империјата бил синот на Ауранџеб, Муаззам, кој станал цар Бахадур Шах. Владеел до 1712 година, а потоа бил наследен од неговиот син Јахандар Шах. Сепак, владеењето на новиот цар траело кратко бидејќи поставил за кралица танчарка. Браќата Саид одлучиле да поддржат еден од внуците на Јахандар, Фарухшијар, кој го поразил неговиот вујко и станал император во 1713 година. И двајцата браќа добиле титули и високи позиции во судот.

Односот меѓу браќата и Фарухшијар се влошил по неколку години бидејќи царот редовно барал други советници и ги занемарувал браќата. На крајот, ова ескалирало со војна во 1719 година. Браќата победиле, го собориле Фарухшијар и за цар поставиле еден од внуците на Бахадур, Рафи уд-Дарајат. Тој главно им бил марионета на браќата. За жал, починал после 100 дена. Него го наследил неговиот постар брат, Рафи Уд-Даула, кој ја имал истата улога. Но и тој починал после 100 дена.

Новиот император бил Мухамед Шах, кој иако млад, немал интерес да им служи како марионета на браќата. Така тој го завршил нивното владеење со атентат врз еден од браќата и поразување на другиот во битка.

8. Годвин, гроф од Весекес

3
Фото: iStock


Помеѓу 1016 и 1035 година, Данска, Норвешка и Англија формирале краткотрајна империја под кралот Кнут Велики. Империјата се распаднала поради смртта на кралот, но се издигнале нови благородници. Меѓу нив бил Годвин, кој станал прв гроф на Весекс околу 1020 година.

По смртта на кралот Кнут, неговиот син Харолд Харефут се борел со Алфред, син на Етелред Неве, за англискиот престол. Годвин заговарал со Харолд за младиот принц да се наведе до смртта. Прво Годвин му ја искажал лојалноста на Алфред и го убедил да оди во Лондон. Го довел во заседа во која биле убиени мажите на Алфред, а принцот бил ослепен. Бил испратен во манастирот Ели, каде што набрзо потоа починал.

Харолд починал во 1040 година и бил наследен од неговиот брат Хартакнут, кој исто така бил полубрат на Алфред. Изнервиран поради атентатот врз Алфред, новиот крал го ископал телото на Харолд, го обезглавил и го фрлил во канализација. Годвин успеал да избегне строга казна убедувајќи го Хартакнут дека само ги следел наредбите на Харолд.

9. Џејмс Фарли

2
Фото: Harris & Ewin


Американскиот политичар Џејмс Фарли е веројатно најпознат по корупциски скандал. Додека служел како генерален директор во 1933 година, Фарли земал непроферирани листови со марки, ги потпишувал и им ги давал на познајници како подароци. Кога филателистите слушнале за ова, го осудиле како злоупотреба на моќ, бидејќи Фарли ја искористил својата позиција за да добие пристап до нови поштенски марки и да ги претвори во вредни реткости.

10. Чанакаја

10
Фото: 4Remedy


Чанакаја бил филозоф од четвртиот век пред нашата ера кој служел како учител и советник на Чандрагупта и му помогнал да ја воспостави најголемата империја на индискиот потконтинент.

Во тој период, поголемиот дел од Индија се состоел од помали кралства наречени Махајанападас, освен Северниот Регион, кој бил дом на кралството Магда под водство на династијата Нанда. Се претпоставува дека кралот Дана Нанда некако го навредил Чанакаја, а филозофот се заколнал дека ќе ја уништи династијата Нанда.

Тој почнал да соработува со младиот Чандаргупта Маурија. Двајцата започнале да создаваат армија за да ја оспорат владејачката династија. Во 321 година пр.н.е. Чандаргупта ја соборил династијата Нанда и станал првиот владетел на империјата Маурија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура