X
 20.11.2019 Наука

Зошто сме зависни од телефонот? Науката има одговор!

Класичниот одговор на прашањето зошто ви е толку тешко да го оставите вашиот телефон во најголемиот број од случаите би гласел: затоа што сте зависни од него.

Научени сте на одвлекување на вниманието, како поради паметниот дизајн на овие уреди и апликации така и поради налетите на допамин секојпат кога ќе го земете телефонот в рака.

Но, науката нуди сосема различно, алтернативно објаснување. Дали е можно нашиот паметен телефон да нè привлекува не затоа што сме зависници, туку затоа што се обидуваме да го избегнеме гласот во својата глава?

За да сфатите зошто оваа хипотеза за бегање од сопствените мисли има смисла, прочитајте што покажуваат резултатите од неодамнешното истражување на социјалниот психолог Тимоти Вилсон од Универзитетот во Вирџинија.

Неговиот тим оставил група луѓе во оскудно опремена соба, од која биле отстранети сите работи што би можеле да го привлечат вниманието: телефон, хемиско пенкало, хартија итн.

1
Фото: Depositphotos


Потоа луѓето следните 15 минути седеле во собата сами со своите мисли. Тимот на Вилсон открил дека повеќето луѓе од групата ова искуство го оцениле или како досадно или како искуство во кое воопшто не уживале.

Потоа научниците вовеле мал пресврт во цела ситуација. Повторно истиот експеримент, со тоа што на масата во собата оставиле уред кој на испитаниците им овозможувал да се „пецнат“ себeси со мал струен удар.

Како завршил експериментот?


За 27 отсто од жените и 67 отсто од мажите фактот дека мора да престојуваат во собата сами со своите мисли била толку неподнослива, што одлучиле сами да се „удрат“ со струја. Наводно, еден човек тоа го повторил 190 пати.

Вознемирувачкиот исход од ова истражување е дека повеќето луѓе би се повредиле себеси отколку да останат сами со своите мисли.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука