Шекспир - национален поет, книжевник и драматург. Неговите дела се читаат и изведуваат уште од 16 век, па сè до денес. Шекспир бил роден во Стратфорд во 1564 година. Починал во родниот град, на 52-годишна возраст. Некои од неговите најпознати дела се „Ромео и Јулија, „Хамлет“, „Отело“, „Макбет“.
Вака тој зборувал за животот:
„Ние знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме“.
„Сакај ги сите, верувај му некому, но никому не прави лошо“.
„Нашата судбина не е во ѕвездите, туку во нас самите“.
„Ако музиката ја храни љубовта - свири“.
„Не постои ништо што е или добро или лошо, размислувањето го прави такво“.
„Ниту едно наследство не е толку скапоцено како што е искреноста“.
„Бог ти даде едно лице, а ти себеси си правиш друго“.
„Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени се обични играчи: имаат свои влезови и излези; еден човек во свое време игра различни улоги“.
„Љубовта не гледа со очите, туку со умот. Затоа крилестиот Купидон е насликан слеп“.
„Слушајте многумина, разговарајте со некои“.
„За да направиш големо добро, направи малку лошо“.
„Златната доба е пред нас, а не зад нас“.
„Кукавицата умира илјадници пати пред неговата смрт. Храбриот ја искусува смртта само еднаш“.
„Нашиот мир треба да стои
цврсто како карпеста планина“.