Атеистите напишаа сопствена верзија на десетте заповеди, а станува збор за предлози кои се избрани во рамките на натпреварувањето
AMHH (Atheist Mind Humanist Heart).
Уште во ноември, познатиот „рушител на митови“ Адам Севиџ најави дека ќе биде судија, а познатиот водител привлече толку многу посетители, што предизвикаа рушење на официјалната службена страница на натпреварувањето.
Севиџ бил само еден од 13. судии што добро ги проучиле сите предлози (околу 2.800) и на крај ги избраа 10. најдобри, кои меѓусебно ја поделија наградата од 10.000 долари.
Ова се новите десет заповеди на атеистите:
1. Бидете со отворен ум и подготвени да ги менувате своите уверувања во согласност со новите докази.
2. Настојувајте да ја прифатите најверојатната вистина, а не да верувате во она што посакувате да биде вистина.
3. Научната метода е најсигурниот начин за разбирање на природниот свет.
4. Секое лице има право на контрола врз сопственото тело.
5. Бог не е неопходен за да станете подобра личност или да живеете целосен и исполнет живот.
6. Водете сметка за последиците од вашите постапки и прифатете дека за нив мора да преземете одговорност.
7. Постапувајте кон другите онака како што сакате да постапуваат кон вас и на начин на кој разумно очекувате дека сакаат да се постапува кон нив. Имајте го на ум нивното гледиште.
8. Наша е одговорноста да се грижиме за другите, а тоа ги вклучува и идните генерации.
9. Не постои само еден исправен начин на живот.
10. Оставете го светот подобро место за живеење отколку што сте го затекнале.
Лекс Баер и Џон Фиџдор создале посебна листа со „не-заповеди“ во книгата што ја напишале заедно под наслов „Atheist Heart, Humanist Mind“, а Баер додава дека работата на книгата го натерала да размисли и да ги артикулира сопствените уверувања, па помислил дека и другите би можеле да имаат корист ако го направат истото.
„Дали знаевте дека статистиките покажуваат дека дури 45 милиони Американци се сметаат за нерелигиозни? Тој број е во пораст, а третина од возрасните помлади од 30 години се сметаат за неверници. За многумина, атеизмот ја заменува религијата, но се поставува прашањето: Во што веруваат атеистите?
Користевме филозофски пристап втемелен на логика и докази за да одредиме како да се живее разумен, етички и среќен живот без Бог и за тоа напишавме книга“, објаснуваат авторите на „Редит“.