X
 17.01.2017 Наука

Како се формираат снегулките?

Снегот зафаќа речиси 23 проценти од Земјата, но ретко кој знае се за оваа појава.

Во период на поларен студ, само се чека да падне снег, кој е неизоставен дел за потполна зимска атмосфера. Неговата прва појава предизвикува голема радост. Што е всушност снегот и по што се разликува од мразот?

Снегот во својот состав е вода во чиста состојба која се кристализира во атмосферата, а иако неговата основа е иста како и кај водата или мразот, снегот значително се разликува од дождот и лапавицата. За разлика од лапавицата кај која кондензираната влага во облаците се претвора во дождовни капки, па на патот кон тлото се замрзнува заради ниската температура, снегулките се формираат во облаците и се разликуваат по својата форма и структура. Снежните кристали се всушност кристали од мраз, а нивниот облик го одредува геометријата на молекулата на вода. Во мразот во молекулата на водата, се врзуваат правилни низи и креираат хексаголни кристали и ѕвезди. Кај температура повисока од -10°C, кристалите се обично залепени како снегулки со тенок слој на течна вода. Облиците на кристалите се различни, па може да се појавуваат во вид на хексаголни плочки, триаголници, призма или како разгранети кристали.

Во експерименти спроведени во лаборатории со контролирани услови, утврдено е дека при различни температури, во интервал од -3 до -20 °C, настануваат снегулки кои меѓусебно драстично се разликуваат. На -5 °C, обично настануваат снегулки со најдолги краци, додека на температура помеѓу -20 и -15 °C се формираат снегулки во облик на рамни шестострани кристали. Во текот на паѓањето, кристалите меѓусебно се удираат, соединуваат, разбиваат, делумно се топат и се соединуваат и со дождовните капки па сето тоа влијае на конечниот облик.

Помеѓу кристалите и снегулките се наоѓаат празнини исполнети со воздух. Поголемиот дел од снегулките имаат дијаметар од околу 2 центиметри, а под одредени околности може да биде и до 5 центиметри. За тоа се потребни температури околу нула, слаб ветер и нестабилна атмосфера. Кога снегот паѓа на тлото, воздухот останува заробен помеѓу кристалите, па затоа се слуша одреден звук кога газиме по недопрен снег. Звукот исто така зависи од темоературата, но и од структурата на снегот. Тогаш доаѓа до кршење на ледените кристали низ кои излегува воздухот, а тоа е всушност звукот кој го слушаме и на многумина им се допаѓа.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука