Мора да признаете дека сè станува поубаво кога улиците се бели. Доколку не сте од оние што уживаат само во погледот на снегот од топол дом, туку имаат авантуристички дух и ги сакаат сите зимски активности, мора да ги посетите овие градови. Таму ќе си поминете одлично и бескрајно ќе уживате во санкање, скијање и возење по снег.
Статистиката покажува дека овие градови имаат најмногу снег во текот на декември.
Талин, Естонија - 20,5 снежни дена месечно
На прво место е „кралот на снегот“ во декември, главниот град на Естонија, Талин.
Престојот таму во зима е чиста романса, а стариот дел од градот, познат и како Кесклин, е под заштита на УНЕСКО и е еден од најдобро зачуваните средновековни градски центри на целиот европски континент.
Вилнус, Литванија - 18,5 снежни дена месечно
Главниот град на Литванија е најпознат по својата барокна архитектура во самиот центар, која УНЕСКО ја стави на листата на светско наследство во 1994 година.
Доколку сакате да го доживеете вистинскиот зимски дух, а истовремено да спортувате, ски-центарот Липкалнис е оддалечен само 5 километри, со прекрасен поглед на градот.
Ерфурт, Германија – 17,5 снежни дена месечно
Овој град во регионот на Тирингија, со население од над 200.000 жители, е прилично бел во декември.
Покрај снегот, ќе најдете и многу бисери од средновековната архитектура, меѓу кои и катедралата „Света Марија“ и мостот Крамербрук.
Турку, Финска – 17 снежни дена месечно
Да останеме уште малку во Финска, на крајот на краиштата, тука е и Лапонија, земјата на Дедо Мраз. Турку се наоѓа на југозападниот брег, а го красат многу замоци кои датираат од 13 век.
Еден од начините на кои можете да го обиколите градот во декември е на лизгалки, кога реката Аура замрзнува. Потоа можете да се лизгате наоколу и да ги разгледате знаменитостите.
Хелсинки, Финска – 16,5 снежни дена месечно
На петтото место е главниот град на Финска. Дополнување на магичниот шарм се и „пулка“, вид санки што можете да ги видите низ целиот град. Ако некогаш имате можност да ги возите, упатете се до паркот Синебрихоф и возете по еден од многуте ридови.
Секако, ако завршите во Финска - постапете како Финец, па кога ќе застуди, посетете една од многуте сауни.