X
 11.07.2021 Живот

Кинески поглед на бракот: Родителите на саем бараат најдобар зет или снаа

Секој викенд, веќе 16 години по ред, голем број родители, баби и дедовци се собираат во познатиот национален парк лоциран во центарот на Шангај.

И не би било ништо невообичаено доколку чадорите со пораки на нив не заземаат посебно место на овој специфичен саем.

Имено, станува збор за саем за брак, место каде што родителите бараат партнери за своите деца. Семејствата на слободните девојки и момци доаѓаат на саемот за да разменат информации за своите деца со другите родители.

Личните биографии на младите мажи и жени покажуваат возраст, тежина, висина, работа, образование, личен доход или место на раѓање, а поретко информации за хобијата на личноста. Покрај тоа, многу родители наведуваат неколку услови што треба да ги исполнува потенцијалниот партнер. Тие особено се грижат за имотот и недвижностите, па семејството на девојката честопати одбива млади мажи кои немаат своја куќа или стан.

Ако интересот на родителите е заемен, почнуваат разговор во кој главната тема е имотот.

1

И колку и да звучи сурово, ова е всушност традиционална активност на загрижените родители, баби и дедовци.

Возраста на лицата што не се во брак во Шангај се движи од 26 до 35 години, а бројот на немажени девојки е поголем од бројот на неоженети мажи, и тоа 1:5.

Овој настан може да изгледа малку необично за туристите, но за семејствата е важен собир и тие го сфаќаат многу сериозно.

2

Голем дел од децата што се претставени на саемот за брак не се свесни за тоа или не ги одобруваат постапките на нивните родители.

Не постојат прецизни податоци за успехот и бројот на договорени врски, но се претпоставува дека процентот на ваквите бракови не е е многу висок. Сепак, многу родители продолжуваат да одат во брачниот парк секој викенд, во надеж дека ќе најдат соодветен партнер за нивното дете.

Извор: 24sedam.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот