Тепањето на децата можеби изгледа правилно и моментално го решава проблемот со нив, но штетата на долгорочни патеки е многу поголема отколку што се мисли.
Резултатите од неодамнешна студија на Универзитетот во Тексас биле објавени во јавноста и во извештајот пишувало дека истражувањата покажуваат дека поради удирањата децата ги прават спротивните работи од оние кои ги посакуваат родителите. Споредено со деца што не биле малтретирани, другите покажување:
- Повеќе агресија;
- Антисоцијално однесување;
- Проблеми со однесувањето, претерување со реакциите;
- Повлеченост;
- Проблеми со менталното здравје;
- Ниска самодоверба;
- Лош однос со родителите.
Удирањето се поврзува и со пониска морална способност за интернационализација и помали когнитивни способности кај децата. Друго истражување покажало дека децата кои се редовно удирани имаат помалку сива маса во некои делови од префронталниот кортекс што се поврзува и со ментални нарушувања.
Родителите кои го практикуваат ова не се откажуваат затоа што не гледаат друг начин на кој би ги натерале нивните деца да се смират. Сепак, постојат многу начини што не вклучуваат насилство, дури ни зголемување на тонот на гласот на родителот за децата да се смират. Само на родителите им е потребно трпение.