Во Пекинг е отворена соба за „антистрес терапии“, каде што клиентите ќе можат да ги намалат напнатоста и фрустрацијата.
– Овој концепт нема за цел промовирање на насилството, туку едноставно луѓето да се ослободат од стресот кој го носат големите градови како Пекинг - истакна сопственичката на објектот, Џин Менг.
За да се ослободат од негативната енергија, корисниците во „антистрес собите“ ќе може да фрлаат шишиња, мобилни телефони, радија и со токмак да кршат кукли со човечки лик.
Извор: МИА