Со интонирање на европската химна „Ода на радоста“ од Бетовен, денеска во Кинотеката на Македонија беше отворена втората годишна конференција „Медицината и трансформацијата на општеството во Европа и светот.
Специјален гостин на настанот беше некогашниот премиер на Италија и претседател на Европската комисија, Романо Проди, кој е добитник на Светската награда за хуманизам. Наградата ќе му биде врачена утре во Куќата на Уранија на МАНУ.
Романо Проди
Проди е 13-ти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.
Конференцијата ја организираат: Европската академија на науките, уметностите и книжевностите и нејзиниот претседател Жан-Патрик Конрад, од Империјал Колеџ од Лондон, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија, ЕФТА – Скопје, Асоцијацијата SEE a Paris - Париз, Берлин, Охридската академија на хуманизмот – Охрид и Клиниката "Жан Митрев" – Скопје.
Присутните ги поздрави Јордан Плевнеш, ректорот на ЕФТА, кој истакна дека идејата за хуманизмот денеска е повеќе од потребна.
Беше промоворина и книгата посветена на д-р Жан Митрев, чиј автор е Жан-Патрик Конрад, претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.
Жан-Патрик Конрад напиша книга за Жан Митрев
Токму Конард се осврна на прашањето која е улогата на медицината во денешна Европа? Дали сите луѓе во Европа добиваат подеднаква здравствена заштита? Кога фокусот на сите земји ќе биде на тоа луѓето да добијат квалитетно здравство, а не на банкарските интереси, тогаш зборуваме за ново создавање на Европската Унија – истакна тој.
- Треба да направиме нов почеток на тоа на кои основи е поставена Европската Унија. Сите влади треба да имаат приоритет да се грижат за здравјто на нивните граѓани. Но, колку добри се во ова? Тоа што се Европејци што може да направи за нив директно? - праша Конрад во своето обраќање.