X
 17.01.2024 Наука

Што се случува со нашиот мозок кога сме заљубени?

Заљубувањето до уши може да натера многу луѓе да прават работи што веројатно не би ги направиле ако не им се допаѓа таа личност, а научниците открија што всушност се случува во нашите тела при заљубувањето.

Низ историјата, научниците се фокусирале на влијанието на заљубувањето врз однесувањето на човекот, но истражување спроведено на 1.500 млади луѓе кои се идентификувале како заљубени покажало дека мозокот работи сосема поинаку кога сте заљубени.

Истражувањето беше спроведено од докторандот  Адам Боде од Австралискиот национален универзитет и д-р Фил Каванаг од Универзитетот во Канбера и Универзитетот во Јужна Австралија. Тие го набљудувале системот за активирање на однесувањето во телото во однос на реакциите и одговорите на заљубената личност.

Системот за активирање на однесувањето во телото може да активира одредени однесувања кои се стимулираат со награди и позитивни реакции. Во истражувањето, научниците заклучиле дека мозокот се менува кога сте заљубени. Кога луѓето се сакани, нивните мисли се насочени кон личноста во која се заљубени.

Д-р Каванаг вели дека хормонот окситоцин е клучен фактор во промените кои се гледаат како „бранови“ на хормони кои циркулираат во нашиот нервен систем и крвотокот додека комуницираме со саканите. Тој заклучил дека љубовта ги активира патеките во мозокот поврзани со позитивни чувства.

- Начинот на кој саканите добиваат посебно значење се должи на комбинацијата на окситоцин со допамин, хемикалија што нашиот мозок ја ослободува за време на романтична љубов - објаснува тој.

Научниците ќе продолжат со истражувањето, а во следната фаза ќе анализираат како мажите и жените ѝ пристапуваат на љубовта, а ќе истражуваат и различни типови на романтични партнери.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука