X
 21.11.2016 Наука

Разликите помеѓу екстровертите и интровертите?

Иако има многу начини за да се опишеме себеси, модерната психологија луѓето ги дели на две категории : интроверти и екстроверти. Колку научно е издржана ваквата поделба и која група е подобра, гледано до еволуциски аспект?


Тим истражувачи од AsapSCIENCE покажуваат дека има многу истражувања преку кои може да се забележи поделбата помеѓу интровертите екстровертите во начинот на размислување и чувствување.

Термините интроверти и екстроверти прв пат биле воспоставени од психологот Карл Јунг во раните 1900-ти години, но психологот Ханс Ајсенк ги елаборирал во 1950-те и 60-те. Интровертите всушност имаат потреба од стимулација за да бидат задоволни личности, а ектровертите имаат потреба од поголема возбуда. На пример, интровертот може да биде задоволен и од едно релаксирачко возење со велосипед во парк, а екстровертот би сакал да се движи надвор од патеката за вистински да ужива.

Реализираните скенирања на мозокот покажале физички доказ кои го потврдуваат горенаведеното. Истражувањета покажале подебел префронтален кортекс кај интровертите за разлика од екстровертите, што е поврзано со подлабоко размислување и планирање – што значи дека интровертите се помалку импулсивни од екстровертите.

Тоа може да биде добра работа, но исто така може да ги направи интровертите посклони кон анксиозност и депресија. Невролошко истражување исто така покажало дека екстровертите реагираат посилно на наградите отколку интровертите, како на пример хормонот допамин се активира повеќе кога ектровертите добиваат на коцкање. Допаминот се лачи повеќе и кога екстровертите се поврзуваат со други луѓе, што не е случај кај интровертите кои не сакаат да бидат меѓу луѓе. Со други зборови, интровертите не бараат многу социјална интеракција за да се чувствуваат добро, за разлика од екстровертите кои имаат голема потреба од тоа. Генетските студии пак, покажуваат дека постојат одредени генетски промени кои се поврзани со одредени особини на екстровертите, како на пример авантуристичкиот дух.

Која група е подобра? Според еволуцискиот аспект, и интровертите и екстровертите би имале предност во дамнешните времиња – интровертите со помалата импулсивност би имале гаранција за преживување, а авантуристичките екстроверти полесно би дошле до нов извор на храна и вода, Денес, има повеќе предности и мани во припаѓањето на која и да е од овие две групи, бидејќи модерното општество, системот за едукација и работната околина прикажуваат силна екстровертна пристрасност – односно, наградени сме ако се изложуваме себеси и ентузијастички ги завршуваме обрвските, особено во тим.
И покрај тоа, кога станува збор за општествениот и социјалниот успех, истражувањата покажуваат дека потребен е нов тип на личности наречени амбиверти – тоа се луѓето кои се нешто помеѓу. 
 
Повеќе погледнете во следното видео.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука