X
 17.02.2015 Култура

Кратки лекции од Сократ кои го менуваат животот

Доколку сме научиле нешто од Сократ тоа е дека не можете да ги научите луѓето нешто, но може да ги поттикнете да размислуваат. Од нив може да ја извлечете само мудроста која веќе е во нив. Со тоа им помагате да ги отворат очите и да сфатат дека се родени со крилја и можат да летаат толку високо колку што сакаат. Следниве изреки нека бидат лекции кои ќе не' поттикнат да размислуваме и да го смениме животот

„Јас сум најмудриот жив човек, но знам една работа, а тоа е дека ништо не знам.“

„Да се знае е да се знае дека не се знае ништо. Тоа е значењето на вистинското знаење.“

„Дозволи му на човека кој сака да го помести светот прво да се помести себеси.“

„Инвестирај ги парите во подобрување на себеси со пишувањето на другите за да да добиеш лесно она за што некој работел напорно.“

„Најбогат е оној кој е среќен со малку бидејќи среќата е богатството на природата.“

„Бескорисните луѓе живеат за да јадат и пијат, вредните луѓе јадат и пијат за да живеат.“

„Неистражениот живот не е вреден за живеење.“

„Не е најважно да се живее, ами да се живее добро. А да се живее добро значи да се живее со уживање и според своите принципи.“

„Чувај се од здодевноста на активниот живот.“

„Јас не сум Грк или Атинец, туку граѓанин на светот.“

„За да се пронајдеш себеси, прво мисли самиот.“

„Споро влегувај во пријателства, но кога веќе си влегол, продолжи константно и цврсто.“

„Лагите не се злобни самите по себе. Тие ја заразуваат душата со зло.“

„Љубопитноста е почетокот на мудроста.“

„Најлесниот и најблагодорен начин не е преку победување на останатите, туку со подобрување на себеси.“

„Никој нема право да биде аматер во однос на физичкиот тренинг. Срамота е човек да остаре без да ја види убавината и силата на која неговото тело е способно.“

„Во секој од нас, дури и во добрите луѓе, има дива природа која ѕирка додека спиеме.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура