X
 23.02.2016 Култура

Ернест Хемингвеј: Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа што ја знам

Овој американски нобеловец и добитник на Пулицерова награда бил преполн со животни искуства. Иако важел за човек кој зборувал малку, сè што велел го погодувал во вистинската цел.

Ернест Хемингвеј се сметал за еден од највлијателните книжевници на своето време, но таа титула ја носи и денес. Вака тој говорел за животот.

„Не постои пријател толку посветен како книгата.“

„Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа што ја знам.“

„Сакам да спијам. Мојот живот има тенденција да се распадне кога сум буден, знаете?“

„Секогаш прави трезен она што си рекол дека ќе го направиш пијан. Така ќе научиш да го држиш јазикот до забите.“

„Најдобар начин да откриеш дали можеш некому да веруваш - е да му веруваш.“

„Јас пијам за другите луѓе да ги направам поинтересни.“

„Кога луѓето зборуваат, слушај целосно. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“

„Животот на секој човек завршува исто. Постојат само детали како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.“

„Мачката има целосна емоционална искреност; човековите суштества, од една или друга причина, може да ги скријат своите чувства, но мачката не може.“

„Мојата цел е да се стави на хартија сè што гледам или живеам, на најдобар и наједноставен начин.“

„Да би можел да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“

„Никогаш не оди на патување со некој кого не сакаш.“

„На човекот му треба околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години да научи да молчи.“

„Светот секого крши, но на крај излегува дека некои се посилни на скршените места.“

„Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сè што правиш е седиш на машината за пишување и крвариш.“

„Сите добри книги имаат една заедничка работа - пореални се отколку кога би се случиле во реалноста.“

„Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум згрешил.“

„Имаме младост за да правиме глупости, а старост да се жалиме за тие глупости.“

„Може да нè понижуваат, но и да нè понижат.“

„Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“

„Единствената работа која може да го уништи денот се луѓето. Луѓето секогаш биле ограничување на среќата освен мал број кои се добри како самата пролет.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура