Вчудовидувачка вест стигна од редовите на астрономите кои веруваат дека во нашата галаксија постојат десетици илјади црни дупки. Иако подолго време се смета дека постојат голем број црни дупки во Млечниот Пат, новото истражување покажа дека сомневањата биле оправдани, но до првата потврда ќе поминат уште најмалку две децении.
Астрофизичари во соработка со истражувачите од светски познатиот Универзитет „Колумбија“ откриле дури дванаесет црни дупки во период од три светлосни години. Откритието на овие супермасивни црни дупки е постигнато со помош на податоци кои до НАСА ги прати сателитот „Чандра Екс-реј“.
Со анализа на податоците, научниците процениле дека постојат околу десет илјади изолирани црни дупки и околу петстотини бинарни црни дупки кои настануваат со судир меѓу две галаксии.
Научниците сметаат дека речиси сите масивни галаксии во вселената имаат полумасивна црна дупка. Првиот доказ за тоа е собран во 1931 година покрај соѕвездието Стрелец А (Алфа сагитариј). Затоа се очекува Стрелец А да биде опкружен со многу други црни дупки заради огромните облаци од прашина и гасови околу него. Овие услови се идеални за раѓање и смрт на ѕвезди, а со самото тоа и на црни дупки.
Директорот на Лабораторијата за астрофизика на Универзитетот „Колумбија“ и пилот-автор на студијата, доктор Чак Хејли, ги потврди резултатите како уверливи докази за старите предвидувања. Тој верува дека во простор од само шест светлосни години постојат меѓу десет и дваесет илјади црни дупки.
За мистериозните црни дупки во минатото можело само да се претпоставува, сè додека научниците од Универзитетот „Колумбија“ не осмислиле нова метода за откривање помали празнини во просторот.
Црните дупки долго време биле голема загатка и се знаело само дека нивните огромни гравитациски полиња „голтаат“ ѕвезди. Но, судир меѓу две дупки создава бинарни црни дупки што предизвикува континуиран тек на скриени рендгенски зраци, кои можат да се видат од Земјата.
Овие наоди исто така можат да помогнат во гравитацискиот лов на временско-просторни бранови кои ги предвиде Алберт Ајнштајн додека говорел за катастрофалните последици од судирите меѓу црните дупки. Според зборовите на доктор Хејли, студијата ќе помогне во унапредување на истражувањето на гравитациските бранови затоа што правилната процена на бројот на црни дупки во галаксијата може да помогне во точното предвидување на бројот на гравитациски случувања кои се аналогни на нив.
Хејли исто така го потенцира фактот дека Млечниот Пат е единствената галаксија која може да се проучува за да се дознае како тие супермасивни црни дупки би реагирале со помалите, затоа што таквите интеракции не се видливи во остатокот од
галаксијата.