Како еден од најбогатите луѓе во светот, би рекле дека Бил Гејтс знае нешто плус за парите. Овие 10 познати цитати на Бил Гејтс кружат на интернет како финансиски совети кои вредат злато.
Започнете со работа што е можно поскоро
Првата лекција за успехот на Бил Гејтс е да започнете што е можно порано да работите. Бил Гејтс имал само 13 години кога почнал да работи со компјутери. Кога започнувате нешто рано во вашиот живот, се обликувате околу него. Не само што ќе имате шанса да станете успешни побрзо од повеќето луѓе, туку ќе имате помала веројатност да сакате да се откажете.
Негувајте ги партнерствата
Бил Гејтс многу сака да формира партнерства со луѓе, што му отвори нови можности и потенцијал да учи од други успешни претприемачи. Тој изгради односи со луѓе кои дефинитивно би можеле да му помогнат во неговите идни подвизи.
Напорна работа
Без оглед на тоа колку сте образовани, потребно ви е искуство за да заработите сериозни пари бидејќи без долгогодишна сериозна работа не можете да ја постигнете целта. Нема да бидете назначени за извршен директор на мултинационална компанија само затоа што имате диплома за бизнис-менаџмент. Тоа е позиција што треба да ја заработите, без разлика дали ќе основате сопствена компанија и ќе работите напорно за да ја доведете до врвот или ќе се искачите нагоре во компанијата и ќе се докажете пред луѓето.
Сам свој шеф
Гејтс станал шеф уште на рана возраст. Тој го заслужил тоа место и дошол до позиција каде што има целосна контрола над својот успех.
- Ако не го исполните својот сон, некој друг ќе ве ангажира да го исполните неговиот - изјави во една пригода Гејтс.
Не плачете за вашите грешки, учете од нив
Која е поентата да обвинувате други луѓе за вашите грешки? Кого се обидувате да измамите? Вашите грешки се ваши, затоа престанете да ги обвинувате другите само за да се обидете да ја исчистите вашата совест.
Посветете се максимално
Секој претприемач секогаш го дава овој совет, да го дадете максимумот од себе. Мора да бидете посветени на она што го сакате и да имате голема страст за она што го работите.
- Успешните луѓе на овој свет прават сè да изгледа толку лесно бидејќи тие апсолутно го сакаат она што го работат. Ако сметате дека сте под голем стрес и многу ви е тешко, не сум сигурен дека ја работите вистинската работа - вели Гејтс.
Животот е најдобрата школа, а не факултетот
Без разлика колку книги ќе прочитате, без разлика колку тестови ќе полагате, ништо од наученото на факултет не може правилно да ве подготви за животот во реалниот свет.
Работните места и шефовите од реалниот живот не вклучуваат само учење и студирање. Тоа е реална работа што треба да можете да ја работите или ќе ве отпуштат. Крај.
- Ако мислите дека вашиот наставник е строг и бара многу, почекајте да имате шеф - вели Гејтс.
Телевизијата не е реален живот
Престанете да верувате дека сè што гледате на телевизија навистина се случува. Вистинскиот живот е груб.
Животот не е фер
Друга лекција од успехот на Бил Гејтс е учењето дека животот не е фер. Без разлика колку напорно работите во животот, секогаш ќе има моменти кога работите нема да одат како што сакате, можеби не по ваша вина. Ова се работи кои не можете да ги контролирате.
Животот не е фер. Тоа е тест, игра, ризик. Ако паднете и не се обидете да станете, не заслужувате да бидете успешни. Победниците знаат дека животот не е фер и ќе продолжат да се враќаат додека не успеат.
Никогаш не брзајте со вашиот пат до успехот
Ништо не доаѓа лесно, а тоа вклучува и успех. Бил Гејтс и Пол Ален ја основале „Мајкрософт“ на разнишана основа, но со трпение и напорна работа успеаја да ги надминат борбите на кои наидоа.
Ова само покажува дека нема кратки патишта до успехот. Потребно е време да се изгради империја.
- Трпението е клучот за успехот - Бил Гејтс.