X
 10.10.2016 Култура

"Правилото од пет часа" на Бенџамин Френклин

“Правилото од пет часа“ на Бенџамин Френклин го користат многу светски лидери, но и други луѓе кои сакаат да постигнат успех во кариерата и животот.

Бенџамин Френклин го напуштил улилиштето за да му помага на својот татко. Како тинејџер не покажувал таленти и интереси кон ништо, освен кон книгите.

По 50 години од неговата смрт, се смета за најдобриот американски државник, изумител и писател. За да го постигне целиот тој успех, Френклин применувал одредена
стратегија.

Во текот на својот живот Френклин вложувал по еден час дневно во учење. Тоа е неговото правило – секој работен ден по еден час да поминете во здобивањето на нови знаења, односно во ова да вложите пет часа неделно.

Ова е неговата
рутина :

-    Рано се будел за да прочита колку што може повеќе

-    Поставувал цели кои влијаеле на неговиот личен развој и ги следел резултатите

-    Создал клуб на истомисленици кои сакале да учат занает и трговија, да се усовршуваат и да го подобрат општеството

-    Ги трансформирал своите идеи во експерименти

-    Наутро и навечер си поставувал прашања заради кои размислувал и анализирал

-    Иако тој еден час дневно му го намалувал времето за работа и продуктивност, на долги патеки Френклин бил се подобар и сфатил дека не постои покорисен начин за да го потроши времето во вложување во себеси. Тој сметал дека најпаметните и најуспешните луѓе се оние кои се подготвени постојано да учат, согласно старата поговорка : Човекот учи додека е жив.

-    Малата промена на долги патеки резултира со голема промена на подобро и затоа е од есенцијално значење секојдневно да вложувате во себе. Секој ден пронајдете време само за себеси.

-    Иако времињата се променети сепак основата е иста. Не мора секој ден да биде истата рутина, можете некогаш и да тренирате, друг пат да пишувате, да читате, да се опуштате во комплетна тишина.

-    Правете го она што ве одвојува од машината и од тоа што ве прави рутински работник.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура