Снимка од едно маче спасено од под рушевините во Турција стана хит, а малото маче ги освои срцата на целиот свет. Имено, откако било спасено од страна на еден пожарникар, мачето не се дели од него.
- Ќе си го задржам ако не дојде сопственикот - вели пожарникарот Али Чакас.
Мачето го добило името Енказ, што значи урнатина.
Извор: A Haber