X
 17.02.2024 Забава

Овој уметник создава цртежи со стара машина за пишување

Уметничкото дело што го гледате не е прецизно скицирано со пенкало и мастило, туку е целосно составено од букви и симболи што можете да ги најдете на стара машина за пишување. Уметникот Џејмс Кук се здоби со меѓународно признание за неговата уметност базирана на текст и јазик.

 
Со својата колекција на стари машини за пишување, Кук има создадено над 300 цртежи во изминатите 10 години. Тие вклучуваат портрети на познати личности и икони од поп-културата.

 
Креативецот од Лондон има создадено безброј познати слики, од делата на Леонардо да Винчи до Бенкси и многу други. Неговата уметност создадена со машина за пишување се движи во големина од разгледници до огромни ѕидни завеси широки по неколку метри.

 
Она што ја прави работата на Кук посебна е тоа што често користи зборови кои директно се однесуваат на она што го црта. Може да се забавувате откривајќи ги малите тајни скриени во уметничкото дело. На пример, на сликата „Девојката со бисерна обетка“ цртежот е составен од зборовите „обетка“, „девојка“ и „бисер“ кои се повторуваат низ цртежот.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава