X
 17.03.2022 Живот

Вљубеници во трчањето, пријавете се за 10-километарската трка на Водно

Стартот и целта на трката се на големиот (долниот) паркинг на Средно Водно, се трча по асфалтниот пат до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад, со должина од околу 9,6 километри

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје првпат годинава ќе организира спортски настан „Водно 10К“, чија основна цел е промоција на спортот, рекреацијата и здравиот начин на живот. Стартот и целта на трката се на големиот (долниот) паркинг на Средно Водно, се трча по асфалтниот пат до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад, со должина од околу 9,6 километри.

- Неизбежни се убавините на Водно бидејќи патеката е живописна, има убав поглед кон Скопје. Во петок, на еден ден пред трката, организаторите на настанот ќе реализираат екоакција по должината на целата патека, како и нејзина проверка по настанот. Почетокот на трката е на 27 март во 10 часот и е со временско ограничување од 2 часа - информираат од клубот „Фортиус“.



На трката може да се пријави секој вљубеник во трчањето. Пријавувањето е отворено до 20 март. Стартниот пакет содржи број со чип, освежителни станици на патеката и на целта, онлајн резултати, онлајн диплома, подароци од спонзорите и медал кој се добива на крајот на трката.

Награди се предвидени за првите три места во машка и женска конкуренција. Првата награда е 7.000 денари, втората е 5.000 денари, а третата награда е 3.000 денари.

Доколку сакате да бидете дел од оваа манифестација, пријавете се на smartrace.club.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот