X
 31.07.2025 Живот

Во срцето на Тоскана: Трка од 20 секунди, а гледачите пристигнуваат 24 часа порано за да ги фатат најдобрите места

Во срцето на Тоскана се одржува коњската трка Палио, која ги воодушевува и мештаните и туристите.

Трката се одржува во средината на летото, на 2 јули и 16 август. Десет јавачи и коњи претставуваат вкупно 10 градски окрузи (од вкупно 17, па окрузите се менуваат секоја година), а во посебни случаи е можно да се одржи трета таква трка во една година, што било последен случај во 2018 година, за да се одбележи стогодишнината од крајот на Првата светска војна.

Самата трка се одржува на прекрасниот, централен градски плоштад Пјаца дел Кампо. Се прават три круга, а трката завршува за околу деведесет секунди. Вообичаено е коњите да стигнат до целта без јавач бидејќи џокеите ги јаваат без седла. Ова е една од причините за краткотрајноста на трката бидејќи е доста предизвикувачки да се јава коњ без седло долго време. А и сериозните повреди не се невообичаени.


Историјата на оваа трка датира од средниот век, а годината на првото модерно Палио се смета 1633 година, кога трката се одржала на 2 јули. Од 1701 година во календарот е додадена втора трка, онаа на 16 август, а и двете се одржуваат на истиот датум и денес.

Во деновите на трката има празнична атмосфера. Градот е украсен, има пеење, танцување, тапани и пристигнување на коњите. Исто така, многу е преполно, па седиштата на некои балкони се распродадени, а оние што сакаат да ја гледаат трката од поблиску, пристигнуваат дури 24 часа порано со надеж дека ќе добијат одлично место.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот