X
 27.05.2019 Забава

Трка на автомобили што ќе ве врати во минатото

Југо, буба, пегличка - овие „ликови“ долго време не сме ги виделе на улиците. Во текот на викендот кога сеќавањето на поранешна Југославија ги поврзуваше републиките што беа дел од неа, словенечките новинари организираа уникатна трка на автомобили што господареа на патиштата на овие простори.

Ова е еден одличен начин за враќање во минатото.

На собирот се тркале можеби најпопуларните модели од некогашната држава, кои возеле 402 метри.

Во трката учествувале југо 55 (55 КС), застава 101 (55 КС), фолксваген буба (34 КС). Но, тука се и легендарната застава 750 - фиќо (25 КС) и фиат 126 - славната пегличка (26 КС), додека тоталната романтика ја зајакнува рено 4 ТЛ (34 КС).

Погледнете кој победил на трката.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава