Можеби некои од вас ќе се сетат на култната сцена во филмот „Армагедон“ во која во моментот кога леталото се руши, Американка се обидува да го спаси денот и тоа никако не ѝ успева.
Потоа доаѓа Русинот и пред да ја удри скапата машина, вели:
- Вака ги решаваме проблемите на руската вселенска станица!
За оние што не се сеќаваат, еве ја:
Исто како некогаш во 80-тите години, кога со прецизни удари од левата страна ги поправавме старите телевизори.
Дека оваа практика живее и денес покажува новиот пример на поправка на „Инсајд“ - возилото на НАСА, робот кој моментално ја истражува површината на Марс.
Овој робот неодамна им зададе прилично големи проблеми на научниците. Имено, алатката за дупчење со која ја испитува површината на Марс се заглавила под површината бидејќи земјата била поцврста отколку што се очекувало.
НАСА се обидела да ја одглави алатката, но не успеала.
Некој се сетил дека алатката може добро да се удри со лопата што ја поседува роботот. Така, роботот сам се удрил со лопата, алатката се одглавила и можел да продолжи со истражување на Марс.
НАСА претходно очекувала нејзината сонда, наречена „крт“, да го ископа целиот пат низ теренот сличен на песок. Но, машината заглавила. Програмирањето на роботската рака на „Инсајт“ да се удри со лопата бил прилично ризичен подвиг - во близина се наоѓаат чувствителни струјни и комуникациски конектори - но тоа бил единствениот начин.
Инженерите неколку месеци го вежбале ударот во надеж дека ќе успеат. И успеале, па „кртот“ повторно работи и се надеваме дека ќе може да ја заврши својата истражувачка мисија: да ја анализира флуктуацијата во Црвената Планета во обид да разберат колку јадрото на Марс е слично на Земјиното.