X
 21.02.2020 Здравје

НАСА вели дека со ова растение може подобро да дишете

За жал, постојат работи во домот што може да го направат дишењето потешко отколку што би требало да биде. Во домот има многу алергени кои влијаат врз квалитетот на воздухот во затворени површини, вели експертот за животен стил Ана де Суза. Има некои работи што може да ги направите во врска со тоа. Ана нуди три совети кои може да го подобрат квалитетот на воздухот во вашиот дом.

Користете постелнина со заштита од прашина

Прашината се впива во перниците, што предизвикува алергии во текот на целата година. Поради тоа, може да дишете потешко или да имате други симптоми, како кивање и кашлица. Затоа Ана препорачува инвестирање во прекривки со заштита од прав на перниците, но и душеците. Овие прекривки го спречуваат влегувањето на правот во перницата или душекот.

Микрофибер-крпи за чистење

Микрофибер-крпите ја собираат прашината од места што воопшто не изгледаат валкано, вели таа. Се препорачува користење различна крпа за различна просторија за да се спречи ширењето на бактериите. Овие крпи може да исчистат 98% од бактериите и правот од површините.


Фото: Pixabay

Купете растенија

Сите растенија се добри, но бамбусовата палма е особено добра за домовите. НАСА спровела истражување за растенијата и нивното влијание врз подобрувањето на квалитетот на воздухот и бамбусовата палма била едно од најдобрите растенија.

Растенијата го впиваат јаглеродниот диоксид и испуштаат кислород, кој им е потребен на сите за дишење. Тоа помага за подобрување на квалитетот на воздухот, но дури и растенијата треба да се чистат повремено бидејќи на нив се собира прав. Освен тоа, растенијата може и да ја зголемат влажноста во домот, што може да го отежни дишењето, па затоа треба да се внимава со бројот на растенија во домот.

Извор: Yahoo.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје