X
 30.03.2021 Живот

Неверојатни фотографии од планетата Земја направени од астронаутите во вселената

Гледањето на нашата планета од орбитата е навистина извонредно искуство. Постои дури и феномен наречен „ефект на преглед“ во кој гледањето на Земјата од вселената може да резултира во длабока промена на тоа како едно лице го гледа светот и своето место во него.

Ние на Земјата можеме да добиеме мал увид во искуството што го имале астронаутите од фотографиите направени токму од нив или од инструменти кои покажуваат неверојатна глетка од нашата планета од високо.

Серијата наречена „Сликање на Земјата“ од единицата ЕСРС (Earth Science and Remote Sensing) во вселенскиот центар на НАСА, „Џонсон“ ја категоризира, па сега се споделени неколку омилени слики избрани од членови на тимот и астронаут кој бил дел од Меѓународната вселенска станица.

vulkan

Џеф Вилијамс бил член на експедицијата 13 на Меѓународната вселенска станица во 2006 година и додека бил во орбитата, го забележал вулканот Кливленд на островот Чугинадак на Алјаска како избувнува и исфрла огромна пепел. Тој ја известил опсерваторијата за вулкани во Алјаска за настанот и ја направил оваа фотографија од Меѓународната вселенска станица со помош на дигитален фотоапарат и леќа од 800 мм.

Друга фотографија што Вилијамс ја избрал како омилена е фотографијата од Големиот Кањон. Таа била направена во 2009 година кога Меѓународната станица поминувала над Тихиот Океан, во близина на Долна Калифорнија.

2

Уште една фотографија избрана од Андреа Медао, член на тимот, е оваа извонредна фотографија од Бангкок навечер, направена во 2017 година од Меѓународната вселенска станица. На фотографијата се гледа не само осветлувањето на градските светла, туку и голем дел од зелените светла на море. Овие зелени светла се рибарски чамци, а светлата се користат за привлекување планктони и риби.

бродови

Оваа фотографија направена од Меѓународната вселенска станица во 2012 година покажува деликатни поларни мезосферски облаци, направена додека Меѓународната вселенска станица поминувала над Тибетската Висорамнина. Фотографијата е избрана од научникот за податоци Марк Ламберт поради начинот на кој се прикажани овие прекрасни облаци.

облаци

Доколку сакате да погледнете повеќе неверојатни фотографии направени од астронаутите, можете да пребарате низ галеријата „Астронаутска фотографија“ на НАСА.



Извор: Digitaltrends.com
Фото: NASA, Earth Science and Remote Sensing (ESRS) unit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот