X
 17.04.2015 Живот

Што се` треба да знаете за студирањето архитектура?

Дали зградите и градбите ви зборуваат? Секако, не буквално кажано - но дали секогаш се восхитувате на обликот и телото на една структура, прашувајќи се што архитектот се обидувал да пренесе со својата форма?

Доколку е така, можеби треба да размислите за студирање архитектура. Меѓутоа треба да бидете свесни дека постои многу повеќе од восхитот на неверојатни дизајни. Некои од овие откритија може да ве натераат да се свртите и да се откажете од идејата за архитект. Ова се неколку работи кои секој студент што се одлучил да студира архитектура треба да ги знае или да ги земе во предвид кога се одлучил да студира архитектура.

1. Опции за факултет

Не постои заобиколување, доколку сакате да бидете архитект тогаш мора да имате повисоко образование. Слично како секое професионално поле, архитектурата е поле за експерти за кое се бара доста образование и искуство. Факултетите се најдобриот избор за достигнување на правилното образование во ова поле.

Сепак, можеби нема да е толку лесно да бидете прифатени. Од студентите кои аплицираат се бара да имаат одлично познавање на математиката.

2. Бидете подготвени да учите напорно

Образовниот аспект од оваа кариера мора да биде повторуван постојано. Некои ќе дишат полесно после дипломирањето; сепак, кариера во архитектурата бара доста посветеност и постојано образование. Особено за оние кои сакаат да создадат конкурентност на пазарот на трудот.

3. Архитектурата бара силни математички вештини?

Со причина постои прашалник позади оваа реченица бидејќи некои архитекти не се сложуваат со идејата дека силните математички вештини се водечки вештини за архитектот, затоа што равенките кои ги користат во нивното секојдневно работење се едноставни.

4. Креативен решавачна проблеми

Не мора да имате неверојатни математички вештини како Томас Едисон, не мора да имате вештини за цртање како Пикасо, но треба да знаете како на креативен начин да ги решавате проблемите.

Работата на еден архитект е да дизајнира згради, а ова бара архитектот да биде способен креативно и просторно да го реши проблемот.

5. Големите архитекти од минатото

„Копањето“ низ минатото е секогаш одлична идеја, без разлика за која кариера сте заинтересирани. Секој може да научи многу за минатото на нивното поле на учење. Работите се вклопуваат тогаш кога студентот го открива потеклото на она што го учи.

За студентот по архитектура историјата може да го направи подобар архитект и може да му помогне повторно да ја открие страста за дизајн.

6. Патување до добро дизајнирани градови

Како прилог на учење на добрите архитекти, студентите по архитектура би требало да патуваат низ градови кадешто постои неверојатна архитектура и дизајн.

7. Бидете подготвени за тешки предизвици

Успеавте, ве прифатиле на факултет по архитектура? Бидете подготвени за доста тешки предизвици. Понекогаш ќе сакате на цел глас да викате: што направив, што мислев? Меѓутоа, откако ќе го завршите факултетот, ќе сфатите дека токму ова е кариерата која сакате да ја имате.

8. Студентите мораат да одат на пракса

Праксата е еден од неизбежните делови на успехот на еден студент. Пазарот на трудот е доста конкурентен и колку повеќе се изложувате да работите со архитекти, толку подобро за вас и за вашата кариера. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот