Насилните медиуми ја прават насилна и публиката која ги следи.
Нова студија од државниот Универзитет во Ајова, покажува дека медиумите кои прикажуваат насилство се поврзани со агресивното однесување кај публиката. Истражувањето исто така, покажало дека кај луѓето се јавува и агресивно размислување, па дури и намалена емпатија. Влијанието на медиумите, според студијата има многу поголем ефект врз агресивноста отколку другите фактори.
Истражувачите испитале и пет други фактори како криминал во соседството, малолетничка деликвенција, виктимизација, семејно насилство и пол.
Истражувачите проучувале нивоа на агресивно однесување и емпатија кај 2000 тинејџери во Австралија, Кина, Хрватска, Германија, Јапонија, Романија и САД. Од учесниците се барало да ги набројат телевизиските програми, филмови и видео игри, кои најчесто ги гледаат и играат и да го одредат нивото на насилство во секоја од нив.
Малолетничката деликвенција е најризичниот фактор при создавање на насилна личност (28%), насилството во медиумите е на второ место (23%), потоа е виктимизацијата (17%), пол (12%), криминалот во соседството (11%) и семејното насилство (9%).
Истражувачите сметаат дека насилството кое се прикажува во медиумите треба да се сфати како ризик фактор, но не да се обрне внимание на секој посебно, туку на комбинацијата од сите нив заедно.
Фото: Freepik