X
 24.01.2019 Култура

„Шминкерка“ - нов хит тин-наслов од „Просветно дело“

Од богатата понуда тин-наслови во „Просветно дело“ препорачуваме лесна и ненаметлива содржина токму како што е насловот „Шминкерка“.

Вера Вишарт е личност која сака да ѝ угодува на својата мајка, па затоа измислува работи само за да ја восхити. Се преправа дека работи во водечка фирма за односи со јавност, а впрочем работи во продавница како шминкерка за козметика Китс. Ѝ раскажува на мајка си за Адам и за тоа како е совршено момче во секој поглед. Адам никогаш не гледа фудбал, никогаш не се опива, секогаш претпочита да помине мирна ноќ отколку да излезе со другарите.

Ех, единствениот проблем е што Адам вистински не постои. Вера го измислува, а мајка ѝ гори од желба да го запознае тој мистериозен Адам. Токму во тој интервал се враќа и сестрата на Вера од Австралија со својот свршеник, и Вера, наместо свадбена треска, ја фаќа панична треска.

На Вера ѝ остануваат помалку од два месеца да го реши проблемот со непостоењето на нејзиното момче. За време на свадбата на нејзината сестра, во очајни времиња, откријте какви очајнички мерки презема Вера.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура