Никој не сака да биде осамен, но секој треба да биде сам во одредени периоди. Осаменоста носи негативни чувства кои доведуваат до намалување на самодовербата и среќата, но самотијата може да дејствува како обнова. Самотијата претставува мирно време за полнење на батериите и за размислување. Експертите ја препорачуваат за менталното здравје поради повеќе причини.
Ви овозможува да се запознаете себеси
Поминувањето време сами со себе ви дозволува да бидете свои без надворешни влијанија. Колку повеќе време си давате за себе, толку ви е поудобно кога сте сами. Повремената самотија може да ви помогне да се запознаете преку истражување на себеси додека размислувате за своите потреби, желби и интереси. Може и да работите на нешто со сопствено темпо и да решавате проблеми без осуда.
Може да ги наполните батериите
Еден од главните знаци дека ви треба самостојно време е недостигот на трпение. Самотијата овозможува одмор и полнење на батериите без какви било очекувања од другите. Може да го поминувате ова време читајќи, пешачејќи или гледајќи серија.
Фото: Pixabay
Поттикнува креативност
Сите имаат креативност, но некои не ја користат доволно често. Самотијата може да ви помогне редовно да ја користите својата креативност. Истражувања покажале дека поминувањето време без друштво ја поттикнува креативноста.
Врските стануваат позначајни
Кога поминувате време сами, повеќе сте свесни за она што ви го даваат другите луѓе. Тоа помага и да разберете што сакате и што ви е потребно од другите луѓе. На тој начин може да донесувате подобри одлуки поврзани со односите со другите.
Се подобрува менталното здравје
Сите наведени фактори доведуваат до подобрување на менталното здравје. Самотијата може да направи да се чувствувате подобро бидејќи ви овозможува да уживате во моментот без да исполнувате нечии очекувања. Истражувања покажале дека самотијата може да доведе до намалување на анксиозноста и депресивните мисли.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Pixabay