X
 17.05.2018 Економија

Колкава заштеда на пари треба да имате до 35 години?

Ако имате 30 години и годишно заработувате 264.000 денари, веќе треба да имате заштедено 264.000 денари. До 35 години треба да имате заштеда која е дупла од вашата годишна плата. Така велат експертите од бостонската компанија за инвестирање наречена „Фиделити инвестментс“, чиј контроверзен совет остави многу пријатели да си ги чешаат главите.

- До 30 треба да имате заштедено пристојна сума на пари за иднина, велат експертите - всушност, во идеална ситуација, вашата заштеда би била колку годишната плата. Триесеттите родендени се одлично време да го испитате теренот за вашите идни финансии, особено затоа што краткорочните финансиски обврски се зацврстуваат. Милениумците и оние што се на возраст од 20-ти до средина на 30-те години го одложија бракот и поседувањето дом од нивните 20-ти години (како што беше норма пред неколку децении) - стои во статијата.

За жал, тоа изгледаше малку оптимистички за повеќето луѓе, па корисниците на социјалните медиуми брзо почнаа да ја критикуваат статијата.

- Не може да сум единствената што го чита ова и мисли: Кому му зборуваат? Јас немав толку голема заштеда во моите 30-ти. Никој од оние што ги познавав немаше заштедено толку во своите 30-ти и повеќето бевме од солидната средна класа - твитна Џенин Фрост.

- До 35 треба да имате двапати од вашата тежина во бебешка крв за да си обезбедите вечна младост, велат експертите - напиша Хазел Силс.

И додека сите ја критикуваа статијата, Марк Ејди напиша: „Да бидам искрен, ’бидете богати‘ е многу добар финансиски совет.“

Во текстот исто така се нагласува дека многу луѓе на таа возраст едноставно не можат да заштедат поради студентските долгови, стагнирачките плати, поголемите трошоци за живот, големите цени на становите и на куќите.

Можеби ќе се изненадите, но неодамнешните истражувања покажуваат дека и жители на напредни земји, како Австралија, не успеваат да стават настрана некоја пара секој месец. Дури 25 отсто од нив рекле дека живеат од плата до плата, а 26 отсто истакнале дека можеле да заштедат, но не го сториле тоа.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија