X
 21.05.2019 Живот

Почина мажот од најстарата брачна двојка во светот


Јапонецот Масао Мацумото, мажот од најстарата брачна двојка во светот, почина на возраст од 108 години. Вкупната возраст на Масао и неговата сопруга Мијако е речиси 210 години и тие двајцата во август лани беа запишани во Гинисовата книга на рекорди.

Официјално, причината за смртта на Јапонецот е срцева слабост.

Тие двајца се венчале во 1937 година и биле во брак 81 година и 201 ден, што е апсолутен рекорд. Пред тоа рекордот за најдолг брачен живот го држеше двојката од Велика Британија – Гурдрен и Карл Долвен.

Од бракот на Мацумото се родиле пет ќерки, 13 внуци и 25 правнуци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот