Докторот Хауард Такер го држи Гинисовиот рекорд за најстар доктор кој сè уште работи. Тој ја почнал својата кариера како невролог во 1947 година и продолжил да работи следните 75 години, дури и за време на пандемијата. Неодамна тој стана популарен и меѓу корисниците на „Тик-ток“.
Внукот на Такер, Остин, и негова пријателка одлучиле да направат профил на „Тик-ток“ за неврологот за да го промовираат филмот за Такер на кој работат. Според Тејлор Талјанети, пријателката на Остин, тешко било да му се објасни нешто како „Тик-ток“ на Такер, па затоа тие почнале да снимаат видеа од неврологот во нивното слободно време.
Од објавувањето на нивното прво видео на „Тик-ток“ во јули, Такер станал многу популарен, а видеата од него се прегледани стотици илјади пати.
Такер изјавил дека не знае зошто неговата кариера го заслужила вниманието, но се надева дека ќе ги инспирира младите гледачи да најдат работа која ќе ја сакаат и кога ќе имаат 100 години.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: TikTok (printscreen)