Можеби не сте слушнале за растението „Brassica Oleracea“, но сигурно сте го вкусиле.
Фото: Wikipedia
Многу зеленчуци кои луѓето ги купуваат и консумираат секојдневно всушност потекнуваат од едно исто растение и се сметаат за еден ист вид.
Споменатото растение се појавило во Медитеранскиот регион, а од него се создале низа различни зеленчуци, со селектирање на растенија со поголеми лисја и слично, креирани биле различни култури.
Кељ, зелка, прокељ се исто семејство на зеленчуци, создадени од истите култури. Келерабата, кинеската брокула се исто така исто семејство. Брокулата била создадена со селектирање на поголеми цветни кластери, кои се собирале уште пред да расцветаат. Потоа од брокулата произлегол и карфиолот.
Се работи за неверојатна еволуција на
растението „Brassica Oleracea“, па она шо денеска го нарекуваме генетски модифицирана храна, всушност се применувало уше многу порано.