X
 26.02.2024 Живот

Најштедливиот милионер на светот - јаде храна што ја наоѓа во кантите за ѓубре

Осумдесетгодишен Германец изгледа како бездомник, но тој е сопственик на неколку имоти вредни неколку милиони евра. Месечно троши 5 евра за храна бидејќи најчесто ја наоѓа во кантите за ѓубре.

На улиците на Дармштад, Германија, често може да се забележи Хајнц Б. на велосипед, облечен во стара облека, како пребарува низ кантите за ѓубре.

Оние што не го познаваат мислат дека станува збор за бездомник. Сепак, изгледот мами затоа што Хајнц е милионер.

- Можеби навистина има само 15 евра на сметка, но само затоа што подигнал 700.000 евра за да купи нов дом, десетти по ред. Преостанатите 100.000 евра ги префрлил на штедни книшки за да заработи камата - пишува германски „Билд“.

Собира предмети

Осумдесетгодишниот милионер, кој има повеќе од еден милион евра во имот, знае како да ги удвои парите. Сепак, вели дека цел живот бил штедлив, па не му требаат пари за да преживее. Вели дека е среќен што живее од храната што ја наоѓа од кантите за ѓубре. Исто така, тој собира секакви работи што другите луѓе ги фрлаат.

- Купувам масло за пржење или нешто слично ако ми снема во домот, но најголемиот дел од храната ја наоѓам во ѓубрето. Луѓето фрлаат храна колку да нахранат цело семејство. На пример, луѓето купуваат пакет колбаси, ќе изедат еден, а остатокот го фрлаат в ѓубре - вели Хајнц.

Пензионираниот електроинженер има пензија од 3.600 евра и уште една пензија во износ од 156 евра, која директно оди во неговата заштеда бидејќи навистина нема за што да ја троши. Освен 5 евра што ги троши за храна секој месец, неговите трошоци вклучуваат само интернет-конекција за неговиот лаптоп. Мобилен телефон не доаѓа предвид бидејќи би чинел дополнителни 10 евра.

Хајнц го поминува поголемиот дел од времето собирајќи работи што другите ги фрлаат и возејќи велосипед низ Дармштад во потрага по нови предмети. Повеќето од овие работи речиси и не ги користи, но затоа ги заменува за храната што му е потребна.

Хајнц Б. нема семејство, па не знае кому да му го остави имотот по неговата смрт. Има подалечни роднини, но вели дека не можат да платат данок на наследство, па размислува некои имоти да ги изнајми на станари.

Извор: 6yka.com
Фото: Bild.de/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот