Според ново истражување спроведено од медицинскиот центар на Универзитетот „Раш“ во Чикаго, луѓето што консумираат повеќе храна и пијалаци со флавоноли ќе имаат помали проблеми со меморијата во староста.
Флавонолите се вид флавоноид, група природни супстанции кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, мешунките, чајот и виното. Во истражувањето спроведено на 961 лице со просечна возраст од 81 година, испитаниците пополнувале прашалници за нивната исхрана и направиле тестови за помнење. Потоа тие биле следени во период од 7 години.
Фото: Pixabay
Било заклучено дека резултатите на когнитивните тестови на оние лица што консумирале најмногу флавоноли се влошувале побавно со текот на годините во споредба со другите испитаници. Според истражувачите, ова веројатно е поради антиоксидансите и антиинфламаторните карактеристики на флавонолите.
Истражувачите ги издвоиле и најдобрите намирници, а тоа се кељ, грав, чај, спанаќ, брокула, домати, јаболки, вино, портокали, круши и маслиново масло.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay