Бебе родено на ирски воз доби 25-годишно бесплатно патување со железницата.
Непланираното породување се случило во вторникот во 15:05 часот по локално време на паување од Голвеј до Даблин. Доктор и две медицински сестри кои биле во возот, помогнале бебето да се донесе на свет.
Мајката и новороденчето биле однесени во болница по пристигнувањето во Даблин. Ирската железничка изјави дека ќе обезбеди бесплатен превоз за девојчето во текот на нејзиното детство, до нејзината 25-та година, поради уникатните околности за време на нејзиното раѓање.
Една од вработените во возот изјави дека знаела дека нешто се случува кога ја слушнала бремената жена како вреска во тоалетот. Ема Тоте ја турнала вратата и видела дека во тоалетот имало бремена жена која ѝ рекла дека се пораѓа. Тоте го известила возачот, повикала брза помош и прашала дали меѓу патниците има лекар што би можел да помогне.
Меѓу патниците бил д-р Алан Девајн, општ лекар кој работел во
Голвеј. Но, д-р Девин пристигнал доцна бидејќи жената веќе почнала да се породува со помош на две медицински сестри. Тој само помогнал во излегувањето на бебето.
- Беше хаотично меѓутоа се случи без оглед дали сакаме или не, така што ја завршивме работата најдобро што можевме - рече тој.