Министерството за образование и наука денеска го смени конкурсот, па наместо два ќе бидат формирани три класа во првата генерација на
Математичко-информатичката гимназија. Според првичниот конкурс, требаше да се формираат две паралелки со 68 ученици. Од нив 34 ученици со настава на македонски јазик и 34 со настава на албански јазик. Со измените во прва година ќе се запишат 102 ученици во 3 паралелки - 68 ученици во две паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на албански јазик.
Според Законот за Математичко-информатичката гимназија, минатата недела кадидатите мораа да полагаат квалификациски тестови по математика и физика. Вчера почна редовниот упис во новата гимназија. Засега наставата ќе биде спроведена во зградата на ГУЦ „Здравко Цветковски“ во Скопје. Измените во конкурсот можете да ги прочитате
ТУКА.