X
 08.05.2023 Живот

МОН: На е-адресата за пријавување насилство стигнаа 10-ина пораки за два дена

Министерството за образование и наука информира дека на e-адресата prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик изминатите два дена пристигнаа 10-ина пораки. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки.

Училиштата мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес. Затоа Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна процена на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот