X
 17.06.2021 Живот

32.345 домаќинства во Македонија лани користеле социјална парична помош

Вкупно 32.345 домаќинства во Македонија минатата година користеле социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е за речиси 10.000 домаќинства повеќе во споредба со 2019 година, кога корисници на гарантирана минимална помош биле 22.481 носител на домаќинство.

Фото: ДЗС (printscreen)

Според податоците на ДЗС, во 2020 година, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита изнесувал 16.262, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита изнесувал 49.263.



Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаа услугите на социјална работа кои изнесувале 52,3%, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имале услугите за социјална заштита кои изнесувале 87,4%.



Фотографии: ДЗС (printscreen)
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот