X
 13.08.2019 Живот

САД ќе им ги одземаат зелените карти на имигранти што добиваат социјална помош

Американските власти објавија дека ќе преземат драстични чекори за ограничување на законската имиграција.

Ќе им бидат одземани зелените карти на имигранти што ја користат федералната и државна програма за помош на лица со ниски примања во сферата на здравственото осигурување (Медикејд), купони за храна, ваучери за домови и други форми на социјална помош.

Федералните закони и сега ги задолжуваат лицата што сакаат да добијат постојан престој да докажат дека нема да бидат на товар на САД. Но, новите правила може да вклучат поголем број програми кои може да ги дисквалификуваат имигрантите. Новите мерки влегуваат во сила од октомври и нема да важат за американски граѓани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот