X
 10.02.2019 Живот

Со социјална помош од Швајцарија купиле три куќи во БиХ и завршиле на суд

Брачен пар од Босна и Херцеговина е прогласен за виновен на суд во швајцарскиот град Луцерн бидејќи во периодот од 2008 до 2013 година од швајцарскиот буџет зел 140.000 франци социјална помош, а во истиот период во БиХ купил три куќи.

Парот е осуден биејќи не го пријавил купувањето на куќите во надлежната социјална служба, која му давала парична помош, што било задолжително  да го направи според швајцарските закони. Парот е казнет со 14.400 франци и е осуден на две години условен затвор.

Измамата била откриена случајно кога социјална работничка отишла да ја посети фамилијата во гратче во близина на Луцерн. Брачниот пар не бил дома, а вратата ја отворил нивниот син. Тој рекол дека неговите родители се во нивната куќа во Босна и дека ќе се вратат за две недели. Потоа тој покажал и фотографија од родителите во БиХ.

Босанците на суд се бранеле со аргументи дека синот не знаел што зборува затоа што бил ментално болен, а кога судот им приложил докази дека поседуваат недвижности, тие признале дека куќите ги купиле од 2003 до 2006 година. На суд рекле и дека во БиХ не биле од 1992 година, но лажеле и за тоа бидејќи има записи од нивното преминување на границите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот